Често поставувани прашања

MyContact ја истакнува функционалностa со поедноставување на споделувањето на социјалните мрежи и останати податоци. Допрете ја налепницата MyContact со вашиот мобилен уред што ви помага да споделувате и да се поврзете со други поединци со само еден допир!

На другото лице не му треба MyContact налепница  за да ги добие вашите информации

Може да го користи секој во која било индустрија за да сподели се-во-едно социјален профил со луѓето што ги запознава.

My Contact помога во подобрувањето на вашето вмрежување и оставa траен впечаток на сите што ќе ги сретнете.

За iPhone: ставете ја налепницата на дното на телефонот. Ако го ставите на врвот, секогаш ќе го вклучува читачот на вашиот телефон.

За повеќето Android: ставете ја вашата налепница на дното.

За Galaxy Note ставете ја налепницата на врвот на телефонот до камерата.

  1. Најпрвин насочете го вашиот прелистувач кон следниот линк (Контролна табла)
  2. Кога сте на контролната табла можете да го забележите следново копче
  3. Внесувате име на корисникот на картичката и неговата дејност и кликнувате на „Креирај
  4. Прелистувачот ќе се освежи и ќе се појават повеќе табови кои треба соодветно да ги пополните како на пример:
  • Детали за картичката“ (Вметнувате Име Презиме на корисникот на картичката, во која компанија работи и тн.)
  • Прилагодувања“ (Избирате шаблон/изглед на картичката именуван по познатите градови, вметнувате ваша профил слика или лого од вашата компанија, Прелистувач икона (не е задолжителна), избирате позадина (боја, градиен од бои, или сопствена слика)

Кликнувате „Ажурирај“ со тоа ги зачувувате внесените информации кои ќе ги споделувате со вашата нова картичка.

Креирање копчиња на вашата картичка

  1. Во горниот дел од екранот веднаш под розевиот линк од вашата картичка (кој може да го притисните за да го проверите изгледот на истата) имаме 2 таба „Поставки“ кој предходно ги пополнивте и таб „Копчиња“, притиснете на табот.
  2. Додадете копче.
  3. Примерот го објаснуваме со избрано копче „Телефон“.
  • Првото поле „Име“ е поле во кое внесувате име на полето по ваша желба како на пример: „Барај ме“, „Мој број“ или едноставно вашиот број „07X XXX XXX“
  • Второто поле „Телефоснки број“ го вметнувате вашиот телефонски број.
  • Креирај.

Најпрвин насочете го вашиот прелистувач кон следниот линк (Контролна табла)

Десктоп верзија:

  1. Во левата страна од екранот кликнете на копчето „План“ –
  2. На екранот ќе биде излистан вашиот тековен план, и во горниот десен агол кликнете на копчето „План за надградба
  3. Изберете го посакуваниот план.
  4. Пополнете информации за наплата.
  5. Моментално имаме како опција за плаќање ПП30 уплатница која ќе треба да ја пополните, уплатите, сликате и прикачите во полето „Доказ за уплата
  6. На крај притиснете „Наплата
  7. Откако нашиот администратор ја провери уплатата веднаш ќе бидете известени дека успешно ви е активиран вашиот избран план.

Мобилна верзија:

  1. Во горниот десен агол е копчето за мени
  2. Во левата страна од екранот кликнете на копчето „План“ –
  3. На екранот ќе биде излистан вашиот тековен план, и во горниот лев агол кликнете на копчето „План за надградба
  4. Изберете го посакуваниот план.
  5. Пополнете информации за наплата.
  6. Моментално имаме како опција за плаќање ПП30 уплатница која ќе треба да ја пополните, уплатите, сликате и прикачите во полето „Доказ за уплата
  7. На крај притиснете „Наплата
  8. Откако нашиот администратор ја провери уплатата веднаш ќе бидете известени дека успешно ви е активиран вашиот избран план.
  1. Најпрвин насочете го вашиот прелистувач кон следниот линк (Контролна табла)
  2. На вашиот екран ќе се излистаат сите ваши креирани картички.
  3. Притиснете на името на картичката што сакате да ја измените или пак десно во колоната имате 3 точки , при притискање на истите одберете од паѓачкото мени „Ажурирај

Toa e налепница која го содржи линкот до вашата картичка, таа ја користите за да ја споделите истата.

Можете да го погледнете следното видео тука

  1. Најпрвин насочете го вашиот прелистувач кон следниот линк (Контролна табла)
  2. На вашиот екран ќе се излистаат сите ваши креирани картички.
  3. Под името на картичката е впишан и линкот за пристап пример: https://mycontact.mk/xxxxxx
  4. Превземете апликација за впишување NFC код
  • Ви препорачуваме за Android

NFC TOOLS (кликнете за да превземете)

 

Упатство:

  • Од табовите избирате “Write
  • URL
  • Внесете го вашиот линк за пристап до картичката односно url од картичката во апликацијата NFC TOOLS
  • Доближете го вашиот уред до MyContact стикерот и притиснете “Write
  • Ви препорачуваме за IOS

NFC TOOLS (кликнете за да превземете)

Упатство:

  • Од табовите избирате “Write
  • URL
  • Внесете го вашиот линк за пристап до картичката односно url од картичката во апликацијата NFC TOOLS
  • Доближете го вашиот уред до MyContact стикерот и притиснете “Write